Биографија

 

Зоран Џорлев, Професор по виолина и магистер по фолклористика.

Роден е на 10.01.1967 во Струмица.
Виолината ја изучува во основното и средно музичко образование во ДМБУЦ Илија Николовски-Луј Скопје.
Во 1990 год. дипломира виолина на Факултетот за музичка уметност во Скопје.

– Работи 14 години во оркестарот при Македонската опера и балет каде што во истиот последните 3 години (пред да замине во ДМБУЦ) работи и како заменик концерт мајстор

– Член на младинскиот камерен оркестар при МММ под раководство на проф. маестро Фимчо Муратовски, како заменик и концерт мајстор

– Член на Македонскиот камерен оркестар под раководство на маестро Ванчо Чавдарски

– Член на многу камерни оркестри и македонска филхармонија;

– Член на народниот и ревискиот оркестар при МРТВ;

– Од 2000 година професор по виолина во ДМБУЦ (www.dmbuc.edu.mk);
–  Од 2007 до 2011 Директор на ДМБУЦ Илија Николовски Луј-Скопје

-Од јануари 2011 до јули 2017 е Директор на НУ АНИП Танец-Скопје(www.tanec.com.mk)

– Има настапувано на самостојни рецитали низ Републиката и надвор од неа, настапи со Македонската Филхармонија и камерени оркестри, со гудачки триа, квартети и квинтети……



– Има освоено многу награди на натпревари во СФРЈ, на натпревари во Републиката, меѓународни средби на академски оркестри и слично

– Добил награди и признанија за учество на државни и меѓународни натпревари со свои ученици

– Во својата богата кариера добил повеќе први, втори, трети награди на државни натпртевари по виолина, први награди на државен натпревар по камерна музика, втора и трета награда на меѓународен натпревар …

– Член на жири на државни натпревари по виолина и камерна музика;

– Зема активно учевство на семинари кај проф. М.Јашвили, В.Третјаков, Чугаева, Давид Камхи, Д.Михајловиќ, Б.Димчевски и други

– Активно учевствува на едукативни часови кај професор Марина Јашвили, Давид Камхи, Благоја Димчевски

– Последните години е многу познат по обработките на Македонските народни и забавни композиции, обработки на филмски, џез , етно теми и истите ги изведува.


– Од 2007 година уредник и водител е на популарните музички емисии “ЗАЈДИ ЗАЈДИ”, “ ЗОРА ЗОРИ” и “ПО ПАТОТ НА ПЕСНАТА” кои се емитуваат на македонските национални телевизии.